На Гризман му пропаѓа трансферот: Се е веќе понеизвесно…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Судбината на Антоан Гризман и натаму е неизвесна. Тој сака во Барселона, има неколку силни сојузници во соблекувалната, пред се Пике, се зборува и Меси, но клупските директори мислат поинаку.

Имено, тие сметаат дека возот поминал изминатото лето, дека Гризман го погазил зборот и останал во Атлетико. Приоритетот на Абидал и Сегура е Матијас Де Лихт, останатото зависи од продажбата на Кутињо.

Инаку, Валверде останува, ќе се прашува и тој, се чини дека не е премногу наклонет кон Французинот, верува дека Дембеле треба да добие поголема шанса.

Но, маркетиншки Барселона би добила многу со ангажманот на Антоан Гризман. Ќе мора да го почекаат 1. јули за да активираат клаузулата, но самиот играч пред тоа ќе донесе одлука.

Во игра е и ПСЖ, но и Сити. Имено, како што пишуваат медиумите во Англија, Сане во преговорите со Баерн, Жуан Жезус е незадоволен од минутажата, „Граѓаните“ би биле вистинска мамка за Французинот кој беше мета на Јунајтед.

Нему Барселона и натаму му е прва опција, но како што кажавме, прашање е кои се приоритетите на шпанскиот шампион, дали ќе успее да го продаде Кутињо, и како да се ослободат од отпорот кои го имаат горните ешалони на клубот.

На Атлетико му е сеедно, тие не го продаваат Гризман, кој ќе ја плати клаузулата негов е. Но, иако се разочарани, веќе размислуваат за замена. Една опција и тоа конкретна е Пауло Дибала кому ќе му се понуди голема плата, но не сакаат да исплатат 100 милиони колку што бара Јувентус. Втората мета е вундеркиндот на Бенфика, Жоао Фелис чија клаузула е баш како и онаа на Гризман, 120 милиони.

Независно од тоа, Атлетико веќе ова лето ќе го откупи Мората кој е на позајмица од Челси до 2020. година. Тој не е заинтересиран да се врати во Лондон, Симеоне многу го почитува и една година порано, Мората официјално ќе стане играч на „Јорганџиите“.