На никого не му е јасно како Бејл не му беше покажан црвениот картон по овој крвнички старт (ВИДЕО)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Реал Мадрид синоќа извлече само реми на домашен терен против Селта Виго (2-2) во 24-то коло од Ла Лига.

Кралскиот клуб со головите на Крос и Рамос поведе со 2:1 во второто полувреме, но Селта успеа да стигне до еден бод со голот на Сантијаго Мина со 2-2 во финишот.

Но, еден од деталите што го одбележа натпреварот се случи во 72. минута. Герет Бејл од позади грб го покоси Рафиња на теренот и кога сите помислија дека Бејл ќе биде исклучен судијата му покажа само жолт картон.

Бејл се врати во тимот по неколку натпревари што ги гледаше од клупата, но не одигра ништо. Тој ја покажа својата фрустрација преку стартот над Рафињо и само една чудна одлука на судијата го спаси од суспензија.