На Тухел може само да му позавидат: Германецот има неверојатна статистика со Челси!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Томас Тухел заедно со Челси вечерва се избори за финале во ФА Купот, откако го совлада Манчестер ситис со 1-0 во полуфиналето, а така продолжи со одличните резултати.

Тухел постави неверојатни рекорди откако пристигна во Лондон, а за само 81 ден минат на кормилото тој успеа да ги надмудри Пеп Гвардиола, Јирген Клоп, Диего Симеоне, Жозе Мурињо, Карло Анчелоти, а притоа не прими ниту еден гол против нивните тимови.

Тренерот на Челси стана прв германски стратег, кој изборил финале во ФА Купот, а оваа вечерва му беше и прва победа против Гвардиола во шест досегашни меѓусебни средби.

Исто така, Челси на 14 од 19 натпревари нема примено гол на кои ги предводеше Германецот.