На Тухел не му се чека, ќе седне на кормилото на Челси?

Томас Тухел не сака долго да паузира по отказот од ПСЖ, па веќе се шпекулира дека би можел да седне на кормилото на Челси.

Германски „Билд“ објави дека Тухел е еден од најсериозните кандидати за тренерската позиција во Челси, откако Франк Лампард почна да ја губи контролата во соблекувалната.

Лампард е блиску до отказ, но тимот ќе му даде шанса уште некое време за да ги подобри резултатите, а ако не се случи тоа, тогаш би можеле да го видиме Тухел на тренерската позиција во Лондон.

Челси влезе во очајна форма во Премиерлигата и на последните шест натпревари во првенството има само еден триумф.