Надал без опасни ривали до финале, Медведев ќе налета на Циципас на Ју-Ес Опен


Енрике лажеше? Шпанија го избра Мароко - 17 ден ↓↓↓



Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска објави дека нема да настапи на Ју-Ес опен затоа што не е вакциниран и не може да влезе во САД, а останатите учесници веќе добија ривали и проектирана шема за можните противници до финалето.

Втор носител на турнирот ќе биде Рафаел Надал, кој има најлесна ждрепка и нема да налета на ниту еден опасен противник, додека Данил Медведев го чека потежок пат и можна средба со Стефанос Циципас во полуфиналето.

Кај дамите во иста половина се Ига Швјонтек, која е прва на ВТА-листата, како и минатогодишната освојувачка Ема Радукану, која не е во најдобра форма.

Последниот гренслем-турнир во сезоната почнува на 29 август и ќе трае до 11 септември.