Надал гази кон 19 гренслем трофеј: Со брутална статистика се пласираше во полуфинале на Ју-Ес Опен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рафаел Надал се пласираше во полуфинале на Ју-Ес Опен, откако славеше против Диего Шварцман со 6-4, 7-5 и 6-2.

Надал го обезбеди своето осмо полуфинале на американскиот гренслем и тоа без премногу проблеми, а очигледно Шварцман се помири во текот на мечот дека нема да може да извлече позитивен резултат против Шпанецот.

Ова за Надал е 33 полуфинале и втора сезона во кариерата во која стигнал до полуфинале на сите гренслем-турнири.

Следна пречка на турнирот ќе му биде Матео Беретини, а во другото полуфинале играат Данил Медведев и Григор Димитров.