Надал има рекорд за кој може Федерер и Ѓоковиќ само да сонуваат!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ ја почна неговата 294. недела на врвот на АТП-листата и се приближи до рекордот на Роџер Федерер. Речиси е јасно дека ќе го урне тој рекорд, но Рафаел Надал има друг рекорд за кој претходните двајца може само да сонуваат.

Шпанецот стигна до бројката од 790 недели минати меѓу топ-10 тенисерите на светот. Тоа значи дека Шпанецот таму е повеќе од 15 години.

Надал ќе стигне и до бројката од 800 недели наскоро затоа што во следните 10 недели не постои ниту теоретска шанса дека може да испадне од топ-10.

Досега со 789 недели рекордот го држеше Џими Конорс. Инаку, Федерер мина 734 недели во топ-10, а тоа на Ѓоковиќ му успеа 555 недели.