Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја заврши кариерата со последниот настап за неговата селекција, која беше поразена од Холандија со 1-2 во четвртфиналето на Дејвис Купот.
Надал го одигра последниот турнир во кариерата и заминува во пензија со 92 титули, од кои 22 се гренслем-пехари.
„Титулите се важни, но сакам да бидам запаметен како добар човек од мал град и момче кое постигна повеќе отколку што некој можеше да замисли“, кажа Надал.
Холандија во полуфиналето на Дејвис Купот ќе се соочи со подобриот од средбата меѓу Германија и Канада.