Надал ќе игра против Фриц за трофејот во Акапулко


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американецот Тејлор Фриц и Шпанецот Рафаел Надал ќе играат во финалето на АТП-турнирот во Акапулко.

Фриц по голема борба успеа да го совлада Џон Иснер со 2-1 во сетови. Првиот сет го доби Иснер со 6-2, по што Фриц успеа да слави со 7-5 и 6-3.

Интересно е тоа што Фирц во вториот сет губеше со 2-5 и 0-40, но потоа направи неверојатен пресврт и се пласираше во финале.

Надал во два сета го реши Димитров, во меч каде што Бугаринот не можеше да му се спротистави на шпанскиот тенисер, кој го контролираше дуелот.