Надал ќе се пензионира по крај на сезоната!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал планира да ја заврши кариерата на крајот на сезоната, откако зад него се неколку тешки години.

Надал го објави својот план пред турнирот во Барселона, каде што ќе заигра тенис по пауза од неколку месеци.

„Зад мене се две тешки години, се случуваат работи во телото кои не можеш да ги контролираш. Ова е моја последна сезона и сакам да уживам до крај“, кажа Надал.

Шпанецот во кариерата освои 92 титули, но се соочи и со многу повреди кои го спречија да има подобри резултати.