Надал најави пензија: 2024 година ќе ми биде последна во тенисот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по долга пауза се враќа на тениските терени и првиот меч ќе го игра на почетокот на 2024 година.

Надал во меѓувреме најави дека оваа сезона ќе му биде најверојатно и последна во богатата кариера.

„Мислев дека нема смисла повторно да се натпреварувам. Се борев и ја одржував илузијата цело време. Секогаш бев покрај вистинските луѓе кои имаа влијание врз мене. Постои голема шанса 2024 година да ми биде последна, без сомнеж“, кажа Надал.