Надал не можеше да се контролира додека зборуваше за дисквалификацијата на Ѓоковиќ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дисквалификацијата на Новак Ѓоковиќ од Ју-Ес опен и понатаму е една од главните теми во тенискиот свет, иако од тогаш мина повеќе од една недела. Новинарите во Рим ја искористија шансата да го прашаат за мислење и Рафаел Надал.

Големиот ривал на Ѓоковиќ вели дека му е жал поради српскиот тенисер, сепак во еден момент неговиот говор на телото даде впечаток како тоа го направи поради фер-плеј, зашто неколку пати се насмеа додека зборуваше за Србинот.

„Последиците се секогаш исти. Новак немаше среќа. Правилата се јасни и тоа е дисквалификација. Жал ми е, имаше шанса таму, но некогаш не треба да правите такви работи. Ова е несреќна ситуација, сепак важно е да имате самоконтрола на теренот“, кажа Надал.