„Надал нема никакви шанси, Ѓоковиќ го освојува Ролан Гарос!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што минува времето, толку пореална е опцијата се сретнат Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ во финале на Ролан Гарос.

Надал синоќа се пласираше во полуфиналето, без загубен сет, додека Ѓоковиќ доцна попладне ќе игра во четвртфиналето против Карено-Буста.

Ако се одвива по планот, тогаш тие двајца во недела би можеле да се борат за трофејот. Србинот ќе се обиде да го освои вториот, а Надал 12. трофеј на Ролан Гарос.

„Ова се перфектни услови за Ѓоковиќ, но за Надал не се. И на Тим му одговараат овие услови, но психички не му одговара Надал. Можеби малку ќе претерам, но според мене Ноле е најголем фаворит на Ролан Гарос“, кажа тренерот Горан Иванишевиќ.