Надал остана без прво место на АТП поради Хрват!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал беше поразен во првото коло на Мастерсот во Синсинати од Борна Чориќ со 6-7, 6-4 и 3-6.

Хрватот со победата го спречи Надал во обидот да се врати на првото место на АТП-листата, кој имаше шанса да го преземе врвот ако Данил Медведев изгуби во раната фаза од туирнирот.

Меѓутоа, очигледно Надал немаше решение за Чориќ, кој сега води со 3-2 во меѓусебни натпревари.

Надал ќе има шанса да се врати на првото место на Ју-Ес опен, каде што мора да стигне во финалето, а Медведев претходно не смее да го освои Синсинати.

Медведев ја брани титулата и на Ју-Ес опен, па само со нејзина одбрана би можел да остане на прво место по гренслемот во Њујорк.