Надал откри како се подготвувал за да го „распарчи“ Ѓоковиќ на Ролан Гарос


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рафаел Надал пред осум дена по 13. пат во кариерата го освои Ролан Гарос, и тоа откако во финалето славеше против Новак Ѓоковиќ.

Надал одигра фуриозен натпревар и притоа му дозволи на Ѓоковиќ да освои само седум гемови, од кои ниту еден во првиот сет.

Надал притоа стигна до 20. гренслем-титула во кариерата, колку што има и Роџер Федерер, а Ѓоковиќ остана на бројката од 17 трофеи.

„Последниот меч на земјен терен против Ѓоковиќ го имав минатата година во Рим. Играв многу добро и тоа го користев како основа. Излеговме со јасна идеја што треба да правам и тоа ми успеа“, вели Надал.

Мечот во Рим во 2019 година исто така почна со 6-0 за Надал.

„Потоа дојде сложениот дел, да се спроведе тоа во дело. За среќа, тоа беше еден од деновите кога можев тоа да го направам“, објаснува Шпанецот.