Надал повторно го покори Париз за 22. гренслем-титула во кариерата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рафаел Надал е крал на Париз, откако денеска славеше во финалето против Каспер Руд со убедливи 3-0 во сетови, односно 6-3, 6-3 и 6-0.

Надал го покори Париз по 14-ти пат во кариерата, а тоа вкупно му е 22. гренслем-титула во кариерата, па сега Шпанецот има два трофеи повеќе од Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

Руд не можеше да му се спротистави на Надал, па уште првиот сет го загуби со убедливи 3-6, по што во вториот покажа поквалитетна игра, но само на стартот, а потоа следеше нов пад и нови 6-3 за шпанскиот тенисер.

Во последниот сет немаше повеќе дилеми за победникот, откако Надал врза шест гема по ред и славеше убедливо со 6-0.