Надал пред мечот со Ѓоковиќ: Тој е фаворит, но јас ќе дадам сè од себе!


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе се соочи против Новак Ѓоковиќ во второто коло на Олимписките игри.

Ѓоковиќ во моментов е фаворит затоа што игра во одлична форма, додека Шпанецот се мачеше во изминатиот период со повреди.

„Ќе бидеме во друга ситуација. Не знам на какво ниво ќе бидам, но ќе дадам сè од себе. Неизвесно е што ќе се случи, но ќе се потрудам да биде посебен меч“, кажа Надал.