Надал призна: Ѓоковиќ е најдобар во историјата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ оваа сезона повторно имаше одлични настапи и освои три гренслем-титули со што покажа дека е најдобар во историјата.

На оваа тема зборуваше и шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој кажа дека нема дилема кој е најдобар според гренслем-трофеи.

„Бројките се бројки, статистиката не може да се негира. Новак има подобри бројки од мене. Немам доволно големо его за да се обидам да ја сокријам реалноста или да ја претставам поинаку. Ова е вистината. Во оснос на титулите, Ѓоковиќ е најдобар во историјата“, вели Надал.