Надал призна: Ми недостига Федерер!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер по пласманот во осминафинале на Вимблдон кажа дека му е жал затоа што на турнирот не учествува осумкратниот шампион Роџер Федерер.

Шпанецот призна дека му недостига присуството на швајцарскиот тенисер.

„Многу ми е жал што не е тука, меѓутоа некои работи се неизбежни. На повредите и некои други работи не може да влијаеме. Со Роџер имав одличен однос и тој е мој голем пријател. Многу пати бевме ривали, имаше многу емоции. Федерер ми недостига, но не само на мене, туку на нашиот спорт. Неговото присуство е важно на Вимблдон, но и на сите други турнири“, вели Надал.

Надал претходно ги освои Австралијан опен и Ролан Гарос, а сега ќе се бори за третиот гренслем-турнир.