Надал сака да освои уште една титула на Ролан Гарос


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во јануари идната година се враќа на терените, а неговиот вујко Тони вели дека тој ќе биде подготвен за предизвиците.

Надал ја пропушти цела сезона поради повреда и падна дури на 664. место на АТП-листата, а Тони вели дека Рафа оваа сезона сака да освои уште една титула на Ролан Гарос.

„Рафа работи многу добро во моментов. Најважно е да заигра на Ролан Гарос. Мислам дека не размислуваше на пензија поради една едноставна причина. Не сака да се пензионира повреда. Неговиот сон е да има одлична сезона и да освои уште еден пехар во Париз“, кажа Тони Надал.