Надал се откажа од својот омилен турнир


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема да настапи ниту на турнирот во Рим затоа што повредата на мускулот на левата нога сè уште не му дозволува настап.

Иако се чувствувал подобро, сепак 37-годишниот тенисер реши да паузира уште некое време од тенисот.

„Поздрав до сите, жалам што морам да се откажам од настап во Рим. Сите знаете колку ме боли што ги пропуштам овие турнири. Но и покрај тоа што се чувствувам подобро деновиве, сепак немав избор“, кажа Надал.