Надал со изјавата за тоа кој е најдобар во светот дополнително ќе го мотивира Ѓоковиќ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот шпански тенисер Рафаел Надал кажа дека во моментов е еден од двајцата најдобри тенисери во историјата.

Надал во Париз ја освои 13. титула на Ролан Гарос, односно 20. гренслем-титула со што се израмни со Роџер Федерер.

„Во спортска смисла, јасно е дека направив нешто важно – освоив еден од најважните турнири во светот, а израмнив и рекорд на Федерер. Тоа изгледаше неверојатно. Во овој момент сигурно сум еден од двајцата најдобри тенисери во историјата. Ќе видиме што ќе се случи во следните години, што ќе направат Ѓоковиќ и Федерер“, вели Надал.

Да потсетиме, во неделата Надал славеше со убедливи 3-0 во сетови против Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос.