Надал со критики: Не ми се допаѓа денешниот тенис


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рафаел Надал даде интервју за „Ел Паис“, а дел од истото веднаш беше објавено на социјалните мрежи и привлече големо внимание.

Интервјуто се очекува целосно да биде објавено в недела, но дотогаш ќе има доволно дискусија за коментарот на шпанскиот тенисер.

„Играта еволуираше во тенис кој се базира на тоа кој удира посилно или погодува без размислување. Не бара подготовка за тоа каде ќе биде испратен ударот и како ќе се освои поенот. Сè повеќе тенисери играат така и не ми се допаѓа тоа“, вели Надал.

Шпанецот по една година се враќа на тениските терени и прв настап ќе има на турнирот во Бризбејн.