Надал загуби на стартот на завршниот турнир во Торино


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал беше непријатно изненаден од Тејлор Фриц со 0-2 во сетови, односно 6-7 и 1-6 за пораз на стартот на завршниот турнир во Торино.

Американецот прв пропушти шанса за брејк на сервисот на Надал, но сепак Фриц во тај-брејкот одигра одлично и со 7-3 стигна до 1-0 во сетови, по што шпанскиот тенисер почна да го губи ритамот и тоа можеше да се забележи во вториот сет во кој освои само еден гм.

Во „зелената“ група претходно играа Каспер Руд и Оже-Алиасим, при што славеше Норвежанецот со 2-0 во сетови.