Надал зборуваше за проклетството и кажа зошто никогаш не го освоил турнирот во Париз

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал зборуваше за тоа дека никогаш не го освоил Мастерсот во Париз. Вториот тенисер во светот беше поразен од Александер Зверев во полуфиналето на турнирот со 4-6 и 5-7.

Во кариерата само еднаш играше во финалето, а тоа беше во далечната 2007 година, кога Надал загуби од Давид Налбандијан со 4-6 и 0-6.

„Нема никакво проклетство. Турнирот е тежок поради условите во кои се игра. Нормално е тоа што не освоив ниту еден турнир од серијата 1.000. На Мастерсите учествуваат најдобрите тенисери во светот. Како што реков претходно, оваа подлога е тешка“, вели Надал.

Надал повтори дека ова била добра недела за него, а сега го очекува Завршниот Мастерс, кој исто така не го освоил никогаш.

„Ова беше добра недела за мене. Играв четири меча и тоа ќе ми значи за Завршниот Мастерс. Ќе мора да прилагодам неколку работи и се надевам дека ќе бидам максимално подготвен за турнирот во Лондон“, кажа Шпанецот.