Надал: Жал ми е за Ѓоковиќ, но спортот е поголем од било кој тенисер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе настапи на Ју-Ес опен и ќе се бори за 23. гренслем-титула во кариерата, додека Новак Ѓоковиќ не доби шанса да игра на последниот гренслем-турнир во сезоната.

Ѓоковиќ не е вакциниран и поради тоа нема право да влезе во САД за да игра во Њујорк, па така Надал ќе има полесен пат до титулата.

Шпанецот го игра првиот меч во вторник, на 30 август, а претходно на прес-конференција зборуваше за Ѓоковиќ.

„Се знаеше дека Ѓоковиќ нема да игра ако не се променат правилата. Од моја гледна точка тоа е тажна вест. Секогаш е штета кога еден од најдобрите нема да настапи на турнир поради повреда или друга причина. Но, спортот е поголем од било кој тенисер“, кажа Надал.