Најдобриот десен бек во Лигата на шампионите навестува трансфер: „Ако ме сакаат, ќе дојдам“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се ближи крајот на фудбалската сезона, а во пресрет на епидемијата на коронавирусот ширум Европа е под знак прашалник дали ќе се игра до крај. Сепак, за некои трансфери веќе се шпекулира.

Меѓу играчите кои експлодираа оваа сезона е и Ашраф Хакими. Мароканецот навистина блеска во дресот на Борусија Дортмунд.

Тој веќе има постигнато четири гола во ЛШ и е најдобриот десен бек на елитното натпреварување досега. Тој има три гола и десет асистенции во Бундеслигата.

Хакими пристигна во Дортмунд пред речиси две години на двегодишна позајмица од Реал Мадрид, а во интервју за Телефут го најави враќањето во Мадрид.

“Мадрид е мојот дом. Уживав во тоа и одиграв многу натпревари. Ако Реал ме врати назад, ќе дојдам. И ако не, тогаш ќе продолжам да ја пишувам мојата приказна во друг клуб”, изјави 21-годишниот.

Хакими за сениорскиот тим на Реал има 17 настапи со два гола. Тој беше член на тимот на Лос Бланкос кој ја освои Лигата на шампионите во сезоната 2017/18.