Најдобриот играч во НФЛ се врати од пензија по само 40 дена!


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


Еден од најдобрите натпреварувачи во американската НФЛ-лига, Том Брејди реши да ја прекине пензијата, која траеше 40 дена и ќе игра уште една сезона за Тампа Беј.

Брејди официјално потврди дека се враќа на терените, а тоа ќе биде негова 23. сезона во богатата кариера во НФЛ.

„Во претходните два месеци разбрав дека моето место е на теренот, а не на трибините. Ќе дојде време кога ќе се повлечам, но тоа не е сега. Сакам да бидам со моите соиграчи и моето семејство. Се враќам во Тампа Беј“, вели Брејди.

Популарниот квотербек во новата сезона во НФЛ ќе игра на дури 45 наполнети години.