Најголемиот украински предавник молчи, а Зенит подготвува одмазда во негово име?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот со најмногу настапи во историјата на репрезентацијата на Украина реши да молчи и да остане неутрален на војната меѓу Русија и Украина.

Токму поради таа причина Фудбалскиот сојуз на Украина му одзема сè на фудбалерот. Му беа одземени сите златни и сребрени медали, тренерската лиценца и беше избришан од легендите.

Без разлика на тоа Антониј Тимошчук реши да молчи и понатаму, но за одмазда се реши неговиот тим Зенит од Санкт Петербург.

Клубот од Русија преку официјално соопштение кажа дека ќе бара правда за нивниот помошник тренер преку арбитражниот суд во Лозана.

„Тимошчук е голем професионалец, кој има свесен однос кон работата во секоја земја во која играше како фудбалер и работеше како тренер“, соопшти тимот.