Најголемото промашување на Арсенал ќе игра со Барди во Турција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал го продаде Никола Пепе за околу три милиони фунти на Трабзонспор, а интернационалецот од Брегот на Слоновата коска потпиша договор до 2024 година.

Пепе пристигна како големо засилување во 2019 година за рекордни 80 милиони евра, но никогаш не ги оправда очекувањата.

Талентираниот фудбалер за „топчиите“ вкупно одигра 112 натпревари и постигна 27 гола и 21 асистенција, но не доби шанса во екипата по доаѓањето на тренерот Микел Артета.

Пепе минатата сезона беше на позајмица во Ница, каде што одигра 28 меча и постигна осум голови.

„Дојдов во Трабзонспор да станам шампион“, кажа Пепе по потписот со турскиот тим.