Најмногу уживам кога ја гледам Хрватска


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на репрезентацијата на Англија, Вејн Руни, испрати пофалби за репрезентацијата на Хрватска.
Хрватска според мислењето на напаѓачот на Манчестер Јунајтед го игра најдобриот фудбал на турнирот.

“Најмногу уживам кога ја гледам Хрватска. Според мене Хрватска го игра најдобриот фудбал на турнирот. Лука Модриќ навистина е генијален играч кој играта на Хрватска ја крева на едно повисоко ниво. Навистина ме импресионираше”- изјави Руни.

Репрезентацијата на Англија во осминафиналето игра против Исланд, а Руни смета дека тие можат да направат добар резултат на ова Европско првенство.

“Во екипата имаме неколку родени победници и мислам дека можеме многу да направиме”– смета англискиот напаѓач.

Натпреварот помеѓу Англија и Исланд на програмата е во недела од 21 часот.