Најновите информации не се охрабрувачки за навивачите на Барселона пред натпреварот со Бетис


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона во второто коло ќе игра против Бетис на„Камп Ноу“, а се чини дека Лионел Меси нема да игра ниту на тој натпревар.

Аргентинецот неодамна претрпе повреда на тренинг, поради што ги пропушти подготовките со Барселона во САД, а исто така го пропушти и натпреварот од првото коло против Атлетик Билбао.

Сега шпанскиот Мундо Депортиво пишува дека Меси исто така го пропуштил и денешниот тренинг, бидејќи сеуште се опоравува од повредата.

Каталонскиот тим има многу проблеми на стартот на сезоната со оглед дека покрај Меси и Луис Суарез претрпе повреда на листот во дуелот против Билбао на стартот на првенството.

Најновата во низата лоши вести дојде вчера кога Барселона објави дека Осман Дембеле исто така е повреден и ќе биде надвор од терените пет недели.

Лионел Меси зад себе имаше одлична сезона во која постигна 51 гол на 50 настапи и забележа 22 асистенции.