Најомразениот лик на „Олд Трафорд“ добива нов договор?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед не игра како што се очекуваше оваа сезона, а наскоро треба да се раздели со најомразената личност меѓу навивачите, а тоа е извршниот директор Ед Вудворд.

Меѓутоа, постои можност Вудворд да потпише нов договор и да остане во екипата затоа што нема повеќе да биде извршен директор, туку ќе добие друга функција.

Вудворд во иднина треба да работи како советник на сопствениците на клубот, семејството Глејзер, но тоа не ги израдува навивачите.

Навивачите не се среќни со Вудворд затоа што тој не изгради екипа која може да се бори за врвот во Премиерлигата по заминувањето на легендарниот Сер Алекс Фергусон од кормилото на тимот.