Најскапиот голман во историјата ќе му стане соиграч на Елмас!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи е заинтересиран за услугите на голманот на Челси, Кепа Аризабалага, кој е во втор план во Лондон поради одличниот Едуард Менди.

Шпанскиот голман пристигна во Лондон во 2018 година за 71,6 милиони фунти од Атлетик Билбао, но се покажа како големо разочарување поради грешките кои ги правеше.

Кепа би можел да ја оживее кариерата во Наполи, кој го сака на позајмица, иако Шпанецот јасно кажа пред неколку дена дека сака да остане во поранешниот европски шампион.

„Сакам да останам во Челси и да успеам. Ако не е возможно, тогаш ќе ги разгледам опциите бидејќи моја цел е да бранам. Се наоѓам во одличен тим. Ќе зборувам со тренерот, по што ќе донесам конечна одлука“, кажа Кепа.