Напаѓачот на Интер возел 1.000 километри со автомобил за да избега од Техеран


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на Интер, Мехди Тареми (32), кого избувнувањето на војната со Израел го затекна во неговиот Иран, успеа да избегне од Техеран, јавува „Газета“.

Тареми стигна во својот роден град по долг пат со автомобил и го извести тренерот Кристијан Киву дека е на сигурно.

Репрезентативецот на Иран не можеше да се приклучи на Интер минатата недела за да отпатува со вицешампионот на Европа во Соединетите Американски Држави на Светското клупско првенство, но постојано беше во контакт со челниците на клубот.

Интер сега доби вест дека Тареми успеал да стигне во неговиот роден град Бушер, по авантура долга повеќе од 1.000 километри со автомобил.

“Семејството го чекаше да се врати безбедно по ризичното патување на југ, до југозападниот брег на Персискиот залив. Тареми одржуваше контакт со менаџерот на тимот, разговараше дури и со тренерот Киув и праќаше пораки во WhatsApp групата на тимот за да ги смири своите соиграчи”, пренесува Газета.

Фото: Принтскрин