Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во целата приказна вмешан е и Пини Захави, кој наводно сака Бразилецот да оди на Театарот на соништата.
Се тресеше целата планета од самата помисла дека Манчестер Јунајтед во минатата година можеше да го направи убедливо најскапо платен фудбалер на сите времиња, но Барселона брзо ги смири страстите.
Меѓутоа, во Шпанија повторно одекна неверојатна вест, која стигна таман на почетокот на нов преоден рок – Жозе Мурињо тргна во целосна офанзива на бразилската суперѕвезда!
Се огласи влијателниот каталонски весник Мундо Депортиво, инаку секогаш добро запознаен со случувањата на стадионот Ноу Камп, и под „ексклузивно“ објави вест дека новиот менаџер на Јунајтед тргна по Нејмар со цел да го оттргнат од тоа да го продолжи договорот со Барселона.
Информацијата со брзина на светлината стигна до водечките луѓе во Барселона, а како што јавува истиот весник – клубот експресно реагираше така што луѓе од довербна ги испратиле директно во Бразил со цел да го забрзаат потпишувањето на новиот договор и така да ја спречат најголемата трансфер сензација во историјата
Имено, тие многу брзо ќе се сретнат со Нејмар и неговиот татко со цел да го натераат што побрзо да ги потпиши документите, а како што се наведува работата може да биде готова до петок.
За Бразил тргнаа двајца директори – Раул Санлеј и Анре Кари. Инаку, двајцата се заслужни за тоа што Нејмар соевремено ги одби понудите на Пари Сен Жермен и Манчестер Сити, што значи дека веќе имаат искуство во вакви ситуации.
Мундо Депортиво пишува и дека во приказната е вмешан и Пини Захави, кој преговара во име на Јунајтед и го сака Бразилецот на Театарот на соништата. Вреди да се потсетиме дека Захави беше еден од менаџерите кој имаше дел од парите при преминот на Нејмар од Сантос во Барселона, но како што е укинато „право на трета страна“ , остана без својот дел од колачот.
Неофицијалните информации од Шпанија велат дека Нејмар веќе дал збор на Барселона дека ќе остане и дека ветувањето не сака да го погази, додека од друга страна стигнуваат вести дека Манчестер Јунајтед за Бразилецот сака да плати чудесни 200 милиони евра!