Напаѓачот на Ливерпул нема да го продолжи договорот и ја откри причината: „Ме бараат во Барса и Лацио“!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот на Ливерпул дефинитивно ќе го промени тимот.

Ливерпул има понуда за напаѓачот Боби Адеканје, но 20 годишниот фудбалер нема да ја прифати понудата.

Левучарот од Нигерија кој има Холандско државјанство бидејќи игра за помладите категории на ПСВ Ајндховен и Ајакс, истакна дека ќе го напушти клубот бидејќи има неколку добри понуди во клубови во кои побрзо ќе добие шанса да влезе во игра.

Занимливо е тоа што тој беше во помладите категории на Барселона пред да стигне во Ливерпул, а сега Барселона изрази желба да го види во своите редови.

Се започна пред новата сезона кога Адеканје не беше повикан на турнејата во САД, и од тој момент тој тргна во потрага по нов клуб, а со Барселона еден од најзаинтересираните клубови за него е Лацио кој е највеќе поврзуван со него во изминатиов период.

„Мислам дека не сум во преден план на Клоп. Лацио е еден од најзаинтересираните клубови, но ништо не е готово.

Исто така, слушнав дека Барселона е заинтересирана како и Вилијам II во Холандија. Можам до утре да ви ги набројувам клубовите кои се заинтересирани“, изјави Нигериецот кој сака да биде во центарот на вниманието.