Наполи доби конкуренција за потписот на Лукаку

Наполи покажа голем интерес за услугите на Ромелу Лукаку од Челси, но сега доби конкуренција од друг калчолигаш.

Лукаку има договор со „сините“ до 2026 година, но премиерлигашот е подготвен да го продаде за сума од 38 милиони евра.

За услугите на Лукаку е заинтересиран и Милан кој бара нова „деветка“ по заминувањето на Оливие Жиру.

Белгиецот минатата сезона играше за Рома и ја заврши сезоната со 21 гол на 47 натпревари.