Наполи им забрани на Гатузо, Елмас и другите да даваат изјави!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наполи вечерва доживеа пораз на гостувањето против Аталанта од 2-4 во рамки на 23. коло во италијанската Серија А.

Наполи уште еднаш ги разочара навивачите и тие го губат чекорот со останатите тимови во борбата за топ-4.

Јасно е дека во соблекувалната не владее најдобра атмосфера, а тоа го потврди и последниот потег на тимот од Неапол.

Раководството на екипата им забрани на Џенаро Гатузо и неговите фудбалери да даваат изјави по натпреварот.

Италијанските медиуми пишуваат дека тоа значи и отказ за Гатузо во следните денови, но од клубот не сакаа да даваат никакви коментари на тие шпекулации.