Наполи ја наполни Џенова: Елмас погоди против Пандев (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи се наоѓа пред убедлив триумф во италијанската Серија А, откако на мечот против Џенова води со убедливи 6-0.

Ирвинг Лозано прв го пронајде патот до голот на Џенова, по што Пјотр Зиелински зголеми на 2-0. Веднаш потоа погодија и Дрис Мертенс и Лозано по вторпат, а по една одлична акција Елиф Елмас зголеми на 5-0.

Само три минути подоцна и Матео Политано се запиша во листата на стрелци.