Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот фудбалер Елиф Елмас за 25 милиони евра си замина од италијанскиот шампион Наполи и се пресели во бундеслигашот Лајпциг.
Италијанските медиуми пишуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис тргнал во акција за ангажирање на замена за Елмас, а изборот паднал на Лазар Самарџиќ од Удинезе.
Српскиот репрезентативец има одлични настапи за Удинезе и веќе се поврзуваше со потенцијални трансфери во нтер и Јувентус.
Наполи испратил понуда од 19 милиони евра плус пет милиони во бонуси, па се очекува одговор од Удинезе.