Наполи одби 55 милиони евра од Атлетико Мадрид за Алан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми објавија дека Атлетико Мадрид испратил понуда до Наполи за Алан.

Испратена е понуда од 55 милиони евра, но од Наполи била одбиена веднаш.

Ова не е првпат Наполи да одбие понуда за овој играч, бидејќи минатата сезона и ПСЖ се обиде да го одведе во преодниот рок.

И тие, како Атлетико Мадрид сега, наидоа на одбивање од страна на Наполи затоа што не сакаат да го пуштат Алан.

Атлетико има големи пари на располагање, а им треба засилување во средниот ред откако Родри замина во Манчестер Сити.

Останува да се види дали ќе се вратат со нова, засилена понуда за овој играч за да ги принуди челниците на Наполи да размислат за продажба на Алан.