Наполи се одјави од трката за Скудетото, па Де Лаурентис нареди карантин за Елмас и другарите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наполи уште еднаш ги разочара своите навивачи, откако загуби во 34. коло од Емполи и тоа предизвика реакција од претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис.

Де Лаурентис нареди карантин во тренинг-центарот за Елиф Елмас и неговите соиграчи во Наполи затоа што Наполи освои само еден бод во последните три меча.

Ова буквално го отпиша Наполи од трката со Милан и Интер за Скудетото, па така Де Лаурентис јасно му порачал на Лучано Спалети и неговите соработници да останат во карантин за да се фокусираат само на фудбал и резултатите на екипата.