Наполи тргнува по уште еден Белгиец


Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓


После Европското првенство, Дрис Мартес, под Везув би можел да се врати заедно со уште еден негов соиграч од репрезентацијата, пишуваат италијанските медиуми.

Популарниот Џанулука Ди Марцио, во етерот пласираше вест дека вицешампионот на Италија започнал преговори за доведување на Аксел Витсел.

Репрезентативецот на Белгија го застапува неговиот татко кој наскоро би требало да одржи состанок со претставниците на клубот.

Витсел е желба на тренерот Маурицио Сари, а според неофицијални изјави и на самиот играч му се допаднала идејата кариерата да ја продолжи во Наполи.

Сепак, се очекува вториот и тешките преговори со клубот од причината што за одличниот фудбалер интерес покажаа голем број на клубови.

Витсел има 27 години, член е на Зенит, кој го доведе во 2012 година од Бенфика за 40 милиони евра. Тој потекнува од фудбалската школа на Стандард, пет сезони настапуваше за белгискиот клуб и освои три титули во националниот шампионат, еден Куп и еден Суперкуп, во тој период беше избиран за најдобар млад фудбалер на Белгија. Во колекцијата трофеи има и еден Лига куп со Бенфика, а со Зенит триумфираше во руската Премиер лига, Купот и Суперкупот.