Наскоро следува официјална потврда: Реал Мадрид и ПСЖ си договорија трампа!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кејлор Навас во наредните часови би можел да стане нов голман на ПСЖ. Костариканецот по пет години реши да замине од Реал Мадрид, кадешто го загуби местото на прв голман.

Меѓутоа, ниту Реал Мадрид нема да остане со празни раце. Кон Мадрид ќе тргне голманот на ПСЖ, Алфонсо Ареола.

Овој 26-годишен голман се мачеше во претходниот период во борбата за место на прв голман, но сега би требало да ја бара шансата од клупата за резерви во Мадрид.

Договорот за трампата наскоро ќе биде официјално потврден, а останува да видиме дали некоја од екипите ќе доплати.

Прв голман на „кралевите“ во новата сезона останува Тибо Куртоа, па Ареола ќе има тешка задача да добие минутажа на голот.