Натпреварот на сезоната во Серија А се игра на неутрален терен?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во оваа сезона во Серија А, три екипи подеднакво се натпреваруваат за Скудето. Јувентус и Интер ја водат битката уште од самиот почеток, а неодамна благодарение на одличната форма и се приклучи и Лацио.

Епидемијата на коронавирус предизвика негодување во северна Италија, одложувајќи дури пет натпревари во Серија А минатиот викенд.

Во следното коло, поточно претстојниот викенд, во Торино треба да го одиграат својот натпревар Јувентус и Интер, натпревар кој со право може да биде олицетворение на мечот од сезоната со оглед на ривалството и позицијата на табелата.

Враќањето на Антонио Конте на стадионот „Алијанц“ со месеци се чекаше, билетите веќе се распродадени, меѓутоа, како што сега стојат работите, сè што може да го направи натпреварот комплетен спектакл може да недостасува.

Газета дело спорт пишува дека има две опции во игра: игра пред празни трибини или дури и на неутрален терен.

Имено, доколку италијанската влада одлучи да го одигра натпреварот без навивачи, Јувентус има право да избере друг стадион за да го одигра натпреварот, но на локација каде не се регистрирани случаи на коронавирус.

Останаа помалку од седум дена до натпреварот. Како што стојат работите сега, времето на натпреварот останува исто, бидејќи евентуалното одложување на натпреварот се чини невозможно бидејќи и двата тима имаат обврски во натпреварувањата на УЕФА и во Купот на Италија.