Навивач на Нотингем со глава го нокаутираше капитенот на Шефилд (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нотингем Форест е на чекор да се врати во Премиерлигата по долго време, откако ја доби битката со Шефилд јунајтед, но мечот го одбележа една грозна сцена во завршницата.

Поранешниот европски шампион избори пласман по пенали во финале на баражот, а навивачите втрчаа на теренот, при што еден од нив со глава го удри капитенот на Шефилд, Били Шарп.

Шарп стоеше покрај аут-линијата и ги следеше случувањата на теренот, а потоа навивачот намерно го удри фудбалерот.

Навивачот беше уапсен од страна на полицијата и му се заканува затворска казна поради потегот кој остави „дамка“ на успехот на неговиот тим.