Навивачи на Барселона скандираа „Винисиус, умри“ (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона минатиот викенд ја освои титулата во Ла Лига, откако во градското дерби против Еспањол славеше со 4-2 и така стигна до недостижни 14 бодови разлика пред Реал Мадрид.

Навивачите на каталонскиот гигант по натпреварот излегоа на улиците и почнаа да ја слават титулата, но притоа во еден момент се случи скандал.

При прославата, дел од навивачите почнаа да скандираат против Винисиус Јуниор од Реал Мадрид.

„Винисиус, умри“, скандираа навивачите, а тоа предизвика жестоки реакции на Твитер.