Навивачите на Арсенал полудеа поради најавеното засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џејми Варди нема да го засили Арсенал во летниот преоден рок.

Оваа вест наводно ја соопштил менаџерот на Топџиите Арсен Венгер, а се чини дека лондонскиот тим најде замена за Варди.

Се работи за некогашниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, Хавиер Ернандез, кој позади себе има фантастична зезона во дресот на Баер од Леверкузен.

Дека Чичарито може да дојде во Арсенал откри менаџерот на играчот за врска на Топџиите Мохамед Елнени, Алан Назми, кој на Твитер го напиша неговиот прекар.

Навивачите на Арсенал полудеа после оваа информација. Сметаат дека Назги го открил новото засилување на англискиот гигант и поголем дел од нив се исклучително задоволни ако тоа се случи. Ернандез блескаше во минатата сезона во дресот на Баер, а постигна 26 погодоци во 37 натпревари за Аптекарите.