Навивачите на Атлетико: Не го сакаме Роналдо во нашата екипа, не ни треба ѓубре!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо се врати во Манчестер јунајтед на преговори со раководството за неговата иднина, откако претходно јавно кажа дека сака да си замине од клубот кој нема да игра во Лигата на шампиони (ЛШ).

Роналдо се поврзуваше со Баерн Минхен и ПСЖ, но гигантите одбија да го ангажираат, па сега како негова следна екипа се споменува Атлетико Мадрид.

Шпанскиот тим е реална опција за Роналдо, па се шпекулираше дека ќе го ангажира на позајмица, но навивачите на клубот од Мадрид не се среќни со идејата на управата.

„Не го сакаме Роналдо во нашиот тим. Ние не собираме ѓубре“, беше една од пораките на навивачите.